Претседателот на КМФМ, Дејан Митровски Урко со порака до д-р Караџовски: Зошто сме обесправени?

Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко преку соопштение се обрати до претседателот на Комисијата за заразни болести, др. Караџовски зошто индивидуалните спортови, меѓу кои е и кик-боксот, се селективно обесправени во однос на другите контактни спортови.

СООПШТЕНИЕТО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КМФМ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко,  овој пат медиумски, се обраќа до др. Караџовски, претседател на КЗВ со прашањето – Зошто индивидуалните спортови од кои еден е и кикбокс спортот се селективно обесправени во однос на другите контактни спортови???

Имено, сакаме да нагласиме дека ние комплетно ги поддржуваме сите спортови и спортисти воопшто, но чувствуваме потреба јавно да го изразиме нашиот револт во однос на селективната забрана за тренинг и натпревари само и само за индивидуалните спортови. Посебно ја истакнуваме состојбата со работа на затворени трговски центри и шопинг молови, работа на казина, работа на базени, козметички студија и салони за разубавување, преполни автобуси, преполни продавници за храна и од денес секако повторно полни кафулиња и ресторани.  Истовремено сведоци сме на секојдневни тренинзи и натпревари во екипните и лига спортовите како што се: кошарката, ракометот, фудбалот и одбојката!!!

Со ова јавно обраќање сакаме најпрво да добиеме прифатлив одговор од надлежните институции зошто сме дискриминирани и издвоени само ние и секако да направиме институционален притисок со цел да се тргне и нашата забрана за тренинг и натпревар!!!

Ние сме еднакви со другите спортови и спортисти во однос на тренингот и натпреварите, еднакви сме и во поглед на придржување кон мерките и протоколите за тренинг и натпревари во услови на пандемија, и ние како и сите останати спортови и спортисти сме рамноправни претставници и амбасадори на нашата држава и исто толку успешни како и екипните и лига спортови. Зошто тогаш забраната важи само за нас?!?!

Ако сите ние како заедница сме одговорни да се придржуваме и адаптираме на новонастанатата пандемиска состојба и да ги почитуваме пропишаните мерки, зошто тогаш ние индивидуалните спортови сме издвоени од заедницата, а во исто време со ништо не сме придонеле за влошување на состојбата со вирусот, туку спротивно на тоа го поттикнуваме здравјето и имунитетот на нацијата!!!!

Медиумски ве замолуваме, во интерес на нашите спортисти, во интерес на кикбоксот и маитаито како спортски дисциплини и секако во интерес на спортските работници и тренери кои живеат од и за спортот, да ја прекинете селективната забрана и да ни дозволите да работиме и да ги надополниме што поскоро загубите на спиртистите во поглед на кондиција, тренинг и натпревар и секако материјалната загуба со која се соочуваме како последица на забраната за работа (кирии и режиски трошоци за клубовите и федерациите, плати за тренерите и спортската администрација) и најважно загубата на медали и светски и европски достигнувања на нашите репрезентативци!!!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот