Претседателот на ЕПП, Вебер бара одговор од Мишел: Зошто ЕУ не воведе санкции кон Лукашенко?

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), најбројна пратеничка група во Европскиот Парламент (ЕП), Манфред Вебер денеска го праша претседателот на Европски совет, Шарл Мишел зошто и белорускиот претседател Александар Лукашенко не е опфатен со европските санкции што се воведени кон белоруските политичари.

– Чашата е пола полна и пола празна. Пола е празна бидејќи имаме одговорни за тортура и насилство во Белорусија, но се прашувам каде во сето тоа е Лукашенко и го прашувам Мишел, зошто?“, истакна Вебер на парламентарната седница на ЕП.

Европската Унија (ЕУ) на минатонеделниот Самит одлучи да воведе санкции кон лица, компании или организации блиски до Лукашенко, бидејќи Брисел ги смета за одговорни за наводно недемократските избори и репресија над граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот