Претрес во домот на судијата Ѓоко Ристов, се бараат врски со случајот со Фехми Стафа и поткупот
Полицајци и истражители попладнево го претресуваат домот на судијата од скопска Апелација Ѓоко Ристов, објави „Скопје1“, а од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдиле информацијата.
Препорачано
Претресот е во тек и ОЈО ГОКК официјално не соопштува детали, но неофицијално, причината се сомневања на обвинителите за злоупотреба на судиската функција. Судијата Ристов е поврзуваше со поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е во притвор поради сомневање дека примил мито во износ од 50.000 евра, за да поткупи судија.
Кога Стафа беше уапсен, Обвинителството наведе дека тој од октомври до 13 декември, како адвокат примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да влијае врз судија од Апелациониот суд Скопје, во предмет што се водел против негов клиент. Стафа беше фатен со обележани пари кои ги примил како мито. Со парите од притвор, како што тврди Обвинителството, требало да се ослободи осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов, познат по прекарот „Ѓаволот“.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
27мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


