Фехми Стафа / Фото: МИА / архива

Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа – осомничен е дека примил поткуп од десетици илјади евра

Фехми Стафа беше поврзуван со повеќе чувствителни случаи, најмногу со „Трансмет“ и со постапките за конфискација на имотот на бизнисменот Сеад Кочан, поради што влезе во судир со поранешните обвинители на СЈО, а подоцна стана и адвокат на контроверзниот бегалец Љупчо Пецов – Ѓаволот, осомничен за финансиски криминал.

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва, а според неофицијални извори, тој бил уапсен поради примање поткуп од неколку десетици илјади евра, потврдија за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи.

Тој ја извршуваше функцијата државен правобранител на Република Северна Македонија од август 2018 до 2022 година.

Државното правобранителство е надлежно за правната заштита на интересите на државата, вклучително и за управувањето со имотно-правните прашања и за застапувањето на државата пред судови и други институции.

Адвокатка и четворица полицајци од Кочани и од Штип под истрага: oсомничени се дека намерно прикривале докази во кривична постапка

Стафа беше инволвиран во низа предмети што предизвикаа значителен јавен интерес.

Неговото име најчесто се поврзуваше со случајот „Трансмет“, односно со постапките за одземање имот поврзан со бизнисменот Сеад Кочан. Тој беше во судир со поранешните обвинители на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро, затоа што државата не го конфискуваше имотот на Кочан.

Стафа е адвокат и на еден од контроверзните бегалци, Љупчо Пецов – Ѓаволот, осомничен за финансиски криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот