Претходната управа ја „закопа“ Барселона: Избришана е целата документација, делела провизии од 33 проценти и го фрли клубот во долгови од 1.3 милијарди евра

Хосеп Марија Бартомеу /Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона ги преживува најтешките моменти во клупската историја, изминатото лето останаа без најдобриот играч Лионел Меси, а сезонава играат катастрофално и се далеку од сериозен конкурент во сите натпреварувања.

Згора на тоа клубот е на работ на банкрот бидејќи долговите изнесуваат 1.35 милијарди евра.

Висината на долгот денеска ја потврди генералниот директор на Барселона, Феран Ревертер кој откри дека претходното раководство на чело со Хосеп Марија Бартомеу ја избришале целата докумнтација.

– Долговите на клубот изнесуваат 1.35 милијарди евра. На тоа дополнително ни се закомпликува ситуацијата бидејќи претходното раководство кое го водеше клубот ја избриша целата документација. Тоа значи дека не ги користеле клупските компјутери и тоа е неверојатно. Поради тоа моравме да ја користиме архивата на клубот, а потоа да се направи форензика, но се уште не успеавме да ги пронајдеме сите документи – изјави Ревертер.

Генералниот директор открива уште неколку неверојатни податоци како работела претходната управа предводена од Хосеп Марија Бартомеу.

– Имаме голем минус, не се почитувале обврските кон банките, кон УЕФА, кон Ла Лига. Од април оваа година клубот не можеше да функционира, немаше пари во касата и на сметките. Притоа, новите договори на фудбалерите донесоа и зголемување на платите. Исто така невоовичаени биле и провизиите, нормално тие изнедуваат од пет до 10 проценти, но во Барселона се давале дури и 33 проценти провизија – додава Ревертер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот