Прегратките го прават своето: Џејсон Момоа се зарази со корона вирус на премиерата на „Dune“
За најзгодниот маж на ова беше октомври што се памети по премиерата на блокбастерот „Dune“ која се одржа на 15-ти октомври во Лондон. Но не само по тоа – туку и по тоа што се зарази со коронавирус.
Премиерата на филмот „Dune“ беше еден од филмските настани кои ги одбележаа месецот октомври, но и филмската година. Но, по информацијата дека Џејсон Момоа е позитивен на корона, можеме само да се замислиме колку од сите оние познати личности кои присуствуваа и се прегрнуваа на премиерата може да се очекува дека ќе бидат афектирани од вирусот.
View this post on Instagram
„Ме погоди Ковид веднаш по премиерата. Се сретнав со многу луѓе во Англија, и така добив многу „алоха“ од луѓе. И кој знае? Но било како, добар сум. Ви благодарам за сите ваши грижи и љубов. И, да, во камп сум во мојата куќа“, објави Момоа на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Актерот покажа позитивен резултат на тестот за Ковид-19 на сетот на снимањето на продолжението на филмот „Aquaman and the Last Kingdom“ во Англија.
View this post on Instagram
Само ден по премиерата Момоа гостуваше во шоуто на Елен Деџенерес, каде зборуваше за здравствената состојба на неговото тело, но од друг аспект – нарекувајќи се себеси „суперхерој кој старее“.
„Стареам. Направив нешто лошо со моите очи, нешто ми влезе во окото и на некој начин го пресече и сега морам да го оперирам, кила, ми излегоа ребра, едноставно сум претепан“, се пошегува Момоа.
View this post on Instagram
Режисерот на филмовите „Aquaman“, Џејмс Ван, објасни дека се работи за опрема која Момоа ја носи за да изгледа како да неговото пливање во вода е премногу удобно.
„Тоа прави многу притисок околу препоните, па за некој како Момоа, кој е повеќе од 120 килограми, не е баш најпријатното искуство“, изјави Ван во декември 2018.