Префинет велигденски десерт: Рецепт за совршен домашен милиброд од кујната на Давор Панчевски

Фото: Приватна архива

Кога младите обожуваат да готват, ние со задоволство сакаме да го пренесеме тоа. Таков е и Давор Панчевски, млад, вреден, амбициозен готвач… вистински виртуоз во кујната. А како што вели Давор… Велигден е секогаш одлична пригода за да подготвиме вкусен домашен милиброд. Состојките се мошне едноставни, а постапката лесна и секогаш успешна.

Од оваа доза излегуваат два милиброди, па едниот ќе биде класичен и без полнење, а другиот со џем.

Да стаса на страна

120 мл млеко
1 лажица шеќер
2 лажици брашно
20 г свеж квасец

Фото: Приватна архива

За тестото

500 г брашно
150 г шеќер
кора од ½ лимон
180 мл млако млеко
100 г путер омекнат
1 пакетче зачин махлепи – може да се подготви милибродот и без овој зачин
2 јајца на собна температура
50 г путер за пред печење
Џем по желба

Фото: Приватна архива

Најпрво, Во длабок сад ставете ги квасецот, млакото млеко, брашното и шеќерот да стасаат околу 15 минути.

Во друг поголем сад ставете ги брашното, шеќерот, кората од лимон, малкото млеко, омекнатиот путер, зачинот махлепи, јајцата и стасаниот квасец. Замесете меко тесто и оставете го да стаса околу 90-120 минути.

Откако тестото ќе го зголеми својот волумен двојно поделете го на два еднакви делови и секој дел поделете го на три дела.
Едниот милиброд подгответе го празен или додајте суво грозје по желба и сплетете го во плетенка.

Другиот дел од тестото премачкајте го со џем и сплетете го во плетенка.

Оформените милиброди ставете ги во тавче обложено со хартија за печење и оставете да стасаат околу 30 минути.

За тоа време загрејте ја рерната на 180 степени, а пред печење премачкајте ги милибродите со јајца.

Печете околу 30-40 минути, а кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат.

Добар апетит и забавно готвење, ви порачува Давор.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот