Предлог за денешниот ручек: Свинска коленица со компир

Фото: Јутјуб

Денешниот предлог за ручек сигурно одамна не сте го вкусиле… па доколку тоа е така, направете го за денес и уживајте во неговиот вкус…

СОСТОЈКИ:

– 1 парче свинска коленица (500 г)

– 1 морков

– 100 мл бело вино

– 3- 4 чешниња лук

– 200 г компири

– 1 лажица лебни трошки

– 1 лажица брашно

– магдонос, лаворов лист и ким

– црвен пипер

– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

Коленицата премачкајте ја со масло, сол и црн пипер. Ставете ја во тепсија, полејте вино и малку вода. Додајте го сечканиот морков, магдонос, лук и лаворов лист. Покријте со фолија и печете на умерена температура два и пол часа, додека почне да се двои месото од коските. Компирот исечете го на полумесечинки, зачинете го, валкајте го во лебни трошки и брашно, посипете со масло и печете го во тефлонска тава. Послужете сè заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот