Предлог за денешниот ручек: Пилешки паприкаш

Се мислите што да зготвите за денес? Ние ќе го решиме вашиот проблем со овој едноставен, а супер лесен рецепт за пилешки паприкаш…

Погледнете го рецептот и начинот на подготовка:

СОСТОЈКИ:

  • 4 пилешки копани
  • 4 компири
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • ½ црвена пиперка
  • 2 лажици црвен пипер
  • 2 лажици нишесте
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сушен магдонос

ПОДГОТОВКА:

Копаните ставете ги во сад со масло да се потпечат од сите страни. Кога ќе поруменат извадете ги. Сечканиот кромид додајте го во садот и пржете го да омекне. Па додајте ја пиперката и морковот исечкан на кругови. Промешајте и пржете кратко. Додајте го црвениот пипер и кратко пропржете. Потоа додајте ги копаните, налејте вода да ги прекрие копаните и варете 10 минути. Потоа додајте ги сечканите компири, измешајте и варете 20 минути. На крај разматете го нишестето и додајте го во садот со манџата. Промешајте, зачинете со сечкан лук и магдонос и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот