Пред да почнете да пиете колаген, стручњаците укажуваат на 10 работи што треба да ги знаете

Фото: Профимедиа

Тешко е да не се забележат јавните личности како секојдневно ја пијат својата доза на колаген. Но, сигурно сте се запрашале што прават, дали е тоа нов тренд или само добра реклама и дали и вам ви треба колаген?

Колагенот е најзастапениот вид на протеин во нашето тело, па затоа сочинува дури 30 отсто од вкупната количина на протеини во телото. Се наоѓа во целото тело, вклучувајќи ги мускулите, коските, косата, кожата и ноктите. Како една од најзастапените структури, сочинува 90 отсто од сврзното ткиво, 90 отсто од органската коскена маса и 70 отсто од нашата кожа. Во телото има околу 40 различни видови на колаген, а колагенот тип 1 е најзастапениот и најважниот дел од нашата кожа, коските и мускулите. Според експертите од порталот Healtheries and Further food, ова се 10-те работи што мора да ги знаете за колагенот.

1. Како што старееме, така го губиме колагенот?

Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а во 60-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка.

2. Како колагенот помага во губењето на килограмите?

Суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна.

3. Како колагенот го чува здравјето на цревата?

Колагенот е важен и за правилното функционирање на дигестивниот систем. Покрај тоа, пептидите во колагенот ја задржуваат водата во цревата и на тој начин ги привлекуваат молекулите на киселината, поради што храната полесно се разградува и се движи низ дигестивниот систем. Редовната употреба ги намалува киселините, чировите и ги спречува другите дигестивни проблеми.

4. Како колагенот дејствува на здравјето и изгледот на кожата?

Колагенот ќе ја направи нашата кожа мазна и таа ќе изгледа младешки. Суплементите коишто содржат колаген ја зајакнуваат кожата и на тој начин го спречуваат и создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми еластичноста и ќе ја намали штетата предизвикана од изложувањето на сонце.

5. Како колагенот помага на здравјето на зглобовите?

Со консумирањето колаген, можеме да ги зајакнеме коските, па дури и да го превенираме кршениците. Ако се зема по орален пат, ќе помогне во градењето на коските и ќе ги замени истрошените клетки со нови. Така може да ја намали болката во зглобовите и да ја подобри флексибилноста. Покрај тоа, може да ги зајакне забите, косата и ноктите и да ги направи помалку кршливи.

6. Како им помага на спортистите?

Бидејќи ги зајакнува зглобовите и лигаментите, може да помогне да се спречат повредите и да се намали болката во зглобовите. Консумирањето колаген може да му помогне на организмот да ги поправи и замени протеините кои се оштетени поради тешка физичка активност, како што може и да го забрза закрепнувањето по пукнување на мускулот.

7. Колку колаген ни треба?

Едно истражување се осврнало на ова прашање, во извештајот објавен во 2019 година во списанието „Хранливи материи“, во кое се наведува дека дополнителни 2,5 -15 г колаген пептид може да се вклучат во исхраната секој ден за да се одржи рамнотежа во организмот.

8. Како да знаеме дека го земаме доволно?

Ако забележите некои од овие промени, можеби на вашиот организам ќе му треба мала помош за производство на колагенот:

– Намалена флексибилност на кожата и брчки
– Тенка кожа
– Опуштени подочници
– Кршливи нокти и коса
– Болки во зглобовите и мускулите
– Целулит
– Кршливи коски
– Синдром на пропустливост на цревата

9. Како можеме да го зголемиме внесот на колаген?

Супата подготвена со коски е одличен начин за внесување на колаген во организмот. Таквата супа којашто се готви долго, а во водата се додава јаболков оцет е течност полна со колаген. Имајте на ум дека таквата супа се готви на тивок оган 8-12 часа.

Лососот е преполн со минерали одговорни за производство на колагенот, како што е цинкот.

10. Дали еден облик на колаген е подобар од другиот?

Различните форми на колаген играат различни улоги, но тоа не значи дека едната е подобра од другата. Важно е да изберете производ кој ќе влијае на одредено ткиво, па ако сакате убава и здрава кожа, изберете колаген тип 1 и 3. За здрави зглобови и варење, тука е колагенот тип 2.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот