Пред да го договори Галтие, ПСЖ добил корпа од четворица тренери

Зинедин Зидан/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ПСЖ вчера се договори со Кристоф Галтие да биде нов тренер на „светците“, откако претходно управата била одбиена од дури четири големи тренерски имиња.

Француските медиуми откриваат дека долгата потрага по наследникот на Маурисио Покетино, била поради тоа што тренерите кои се наоѓале на листата на желби на богатите сопственици, одбиле да седнат на клупата на ПСЖ.

Првиот избор на катарското кралско семејство кое е сопственик на ПСЖ бил Зинедин Зидан, но тој минатиот викенд бил во Доха и имал средба со претседателот на тимот, Насер Ал-Келаифи на која го информирал дека нема шанси да го наследи Покетино бидејќи има други планови. Зидан треба да биде новиот селектор на француската репрезентација, а „триколорите“ ќе ги презеде веднаш по завршување на Светското првенство во Катар.

Според „Марка“, повикот да седнат на клупата на ПСЖ го одбиле и Антонио Конте, Масимилијано Алегри и Марсело Гаљардо.

Според „Марка“ која разговарала со неколку тренери кои сакале да останат анонимни, главната причина за одбивањето на повикот е состојбата со соблекувалната каде големите суперѕвезди создаваат кланови и не се поднесуваат меѓу себе.

Проблем за тренерите претставувало и тоа што Килијан Мбапе со новиот договор што го потпиша со ПСЖ, доби овластувања како спортски директор и со таква ситуација ниту едно големо тренерско име не сака да се соочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот