Пратениците лани добиле 235.000 евра за патни трошоци
Македонските пратеници изминатата 2025 година зеле 14.369.470 денари за патни трошоци.
Препорачано
Според податоците кои ги добила редакцијата на Инфомакс од Собранието на Република Македонија, во одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, најмногу пари зел пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Божиновски, 637.233 денари, по него следи неговиот сопартиец – Петар Ристески, со 602.187 денари, а трет е Јован Митрески од СДСМ, со 464.150 денари.
Има и пратеници на кои Собранието им плаќа закупнина за стан. Пратениците Даниела Христова, Олга Лозановска, Грација Бакрачевска, Јованка Тренчевска, Лидија Петковска, Ангелинка Петкова и Саранда Имери Стафаи имаат земено и надоместок за закупнина на стан и патни трошоци.
Дел од пратениците кои наплаќаат патни трошоци, добиваат надоместок за закупнина за стан или ги користат двете права, во нивните анкетни листови доставени до ДКСК имаат пријавени станови во Скопје. Таков пример е пратеничката Олга Лозановска, која ги користи двете права, а има стан во Скопје.
Во споредба со 2024 година, кога пратениците зеле 18,67 милиони денари, сега трошоците се намалиле.
Матни патни трошоци за пратеници, Левица предлага кратење на привилегиите на народните избраници


