Познати двете нови групи во главната фаза на Европското првенство

Холандија меѓу 12 репрезентации кои останаа да се борат за место во полуфиналето/ Будимпешта, Унгарија/18 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Со вечерашните натпревари Белорусија – Австрија (29:26) и Холандија – Португалија (32:31) и официјално заврши првата групна фаза на Европското првенство.

Главната фаза се состои од две новоформирани групи каде што 12 репрезентации ќе се борат за четири места кои водат во полуфиналните борби.

Актуелниот европски шампион Шпанија е сместен во групата 2 каде заедно со Германија и Русија стартува со по два бода.

Третопласираните од двете групи ќе играат за петтата позиција на овој континентален собир.

Група „1“

Табела:

1. Данска 2 бодови
2. Франција 2
3. Исланд 2
4. Холандија 0
5. Хрватска 0
6. Црна Гора 0

Распоред на натпревари

20 јануари Данска – Исланд, Црна Гора – Хрватска, Франција – Холандија

22 јануари Црна Гора – Холандија, Данска – Хрватска, Франција – Исланд

24 јануари Исланд – Хрватска, Црна Гора – Франција, Данска – Холандија

26 јануари Холандија – Хрватска, Црна Гора – Исланд, Данска – Франција

Група „2“

Табела:

1. Германија 2 бодови
2. Шпанија 2
3. Русија 2
4. Норвешка 0
5. Шведска 0
6. Полска 0

Распоред на натпревари

20 јануари Германија – Шпанија, Полска – Норвешка, Русија – Шведска

21 јануари Полска – Шведска, Германија – Норвешка, Русија – Шпанија

23 јануари Шпанија – Норвешка, Полска – Русија, Германија – Шведска

25 јануари Шведска – Норвешка, Полска – Шпанија, Германија – Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот