Познат спортист и адвокатка пронајдени мртви во неговиот дом

фото: Принтскрин Фејсбук/Принтскрин Инстаграм

Безживотните тела на поранешниот хокеар Дарен Парч (38 години) и адвокатката Венди Милер (48) ги открил цимерот на Парч. Двојката за последен пат била видена жива околу два часот попладне во неделата, а потоа адвокатката го пренесла Парч во неговиот стан.

Од полицијата соопштија дека случајот го водат како двојно убиство, и веруваат дека не станува збор за сериски убиец.
Парч е поранешен професионален хокеар, додека Милер беше основач на организација која ги застапуваше децата чии родители се наоѓаат во судски процеси.

Емотивно простување од својата мајка имаше нејзиниот син.
„Немам сомнеж кога велам дека беше омилена личност на Земјава, и дека ќе биде уште поомилена во рајот. Те сакам мамо“ напиша нејзиниот син Лук Карпентер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот