Познат распоредот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, блок карти за 16 натпревари по цена од 500 денари

Фото: ГРК Охрид

Од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ со меѓународен карактер.

Учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи.

Натпреварите ќе се играат во четири термини 11, 13:15, 18 и 20:15 часот.

Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат од понеделник, 21 август на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.

Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22 часот.

Фото: ГРК Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот