Познат датумот кога стартува и Формула 1

twitter.com/F1

Сезоната во Формула 1 шампионатот ќе започне на патеката Ред Бул ринг во австрискиот Шпилберг, каде ќе се возат возат две трки за Големата награда на Австрија. Австриската влада даде зелено светло трките да се одржат на 5. и 12. јули.

Одлуката ја објави австриското Министерство за здравство, а двете трки ќе се одржат без присуство на гледачи на трибините, но конечната одлука ќе биде донесена во текот на наредниот месец.

Владата ја остава можноста да има ограничен број на гледачи на трибините, но само доколку нема зголемување на бројот на заболени од коронавирус во наредните денови.

Поради пандемијата на коронавирусот, првите 10. трки од сезоната во Формула 1 се одложени или откажани.

Засега е сигурно дека по двете трки во Австрија, наредната ќе биде на патеката во Силверстон за трканата на Големата награда на Велика Британија исто така во јули, а на 2. август ќе се одржи трката за големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот