Повреден 463 дена, нема проблем, го купуваме! - Слободен печат
СпортФудбал

Повреден 463 дена, нема проблем, го купуваме!

Многу е веројатно дека Брил Емболо ќе ги напушти редовите на Шалке и според најавите ќе се пресели во Борусија Менхенгладбах.

После Штефан Лајнер од Лајпциг и Макс Грун од Дармштад, од Борусија (М) се насочија и кон можното трето летно засилување Брил Емболо.

Напаѓачот на Шлаке би требало за две-два најдоцна да потпише за клубот од Борусија Парк, иако имаше многу здравствени проблеми, пропушти 463 дена поради различни повреди.

Во неговиот договор постојат две клаузули, една за тимови учесници во ЛШ, поставена на 65 милиони евра, а втората за сите останати од 45 милиони евра.

Со оглед на тоа што Борусија од Менхенгладбах не обезбеди пласман во елитниот европски куп, останува да ги плати споменатите 45 милиони евра и да го добијат играчот и со кој ги договори сите услови за соработка.

Се очекува Емболо во Гладбах да го замени Јосип Дрмиќ кој пак за четири сезони беше надвор од теренот беше дури 516 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close