Потврден прв случајот со индиската варијанта на новиот коронавирус во Словенија

Profimedia
Profimedia

Мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Првиот случај на индиска варијанта на новиот коронавирус во Словенија е откриен во примерок земен на 20 април, објавија словенечките медиуми.

Мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Лабораториите што се занимаваат со секвенционирање на геномот на новиот коронавирус, вклучително и лабораторијата на тој институт, прво ги внесуваат податоците за новите варијанти што ги бележат во порталот ГИСАИД. Тоа е глобална научна иницијатива и примарен извор кој нуди отворен пристап до геномските податоци на новиот коронавирус, пренесува словенечката агенција.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, сè уште не ја потврдил информацијата пред домашната јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори на прес-конференција за да ја претстави преваленцата на нови видови на коронавирус во Словенија.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна објави дека индиската верзија на новиот коронавирус е позаразна и затоа претставува дополнителна загриженост доколку се прошири низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот