Постои ли решение за љубомората меѓу децата?

Според некои истражувања, идеална разлика меѓу две деца е четири или пет години.

Постарите деца повеќе не се толку љубоморни, затоа на родителите им е полесно и имаат помалку стрес. И покрај тоа, повеќето родители сакаат второ дете во пократок период по првото. Љубомората можете да ја намалите на следните начини:

– Во текот на бременоста – Кажете му на детето колку што можете подоцна дека на пат е бебето. Само неколку месеци за детето значат вечност. Погрижете се новоста да не ја дознае од никој друг. Немојте да најавувате партнер за игра за подоцна да не дојде до поголемо разочарување. Вклучете го детето во практичното размислување: избор на името, место каде новороденчето ќе спие и сл.

– Недела дена пред породувањето – Во секојдневието на детето поинтензивно вклучете ја неговата тетка, баба, дедо или пријателка. Најавете му ја својата отсутност, објаснете му го вашиот престој во болница во вистински момент.

– Породување – Во породилиштето детето не смее да присуствува на породувањето, но може да ве посети во текот на престојот во болницата.

– Недела дена по породувањето – Дозволете му на постарото дете повторно да се однесува како бебе. Ако сака да го пресоблечете вие, направете го тоа, играјте детски игри со него. Избегнувајте ги речениците како „Ти си веќе голем/а“. Вашето дете мора да почувствува еднаква љубов како бебето без разлика колку зрело се однесува. Сепак, обидете се нежно да му објасните дека поголемите сестрички/братчиња имаат многу повеќе предности.

– Месец по породувањето – Дозволете му на детето да учествува во негата на бебето. Не очекувајте прва помош од него и немојте да очекувате дека веднаш ќе го засака бебето. Понекогаш бебето оставете го со тато, баба, тета, дедо за да можете квалитетно време да му посветите и на постарото дете.

Никогаш немојте да го исклучувате од ниту една активност, не го оттргнувајте на страна, нека учествува во секоја ваша активност, за да не се почувствува отфрлено ниту пак помалку сакано. Но, немојте ниту да претерате со давање на обврски и задачи тоа да ви помага во грижата на бебето доколку детето нема интерес за тоа. Колку гушкања и бакнежи за бебето, исто толку и за постарото дете. Без отстапки! Нагласете им на сите гости, пријатели и целата фамилија кога ќе дојдат да го видат бебето, ист интерест и љубов да покажат и кон вашето постаро дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот