Последниот танц во Аушвиц: Франческа Ман извела стриптиз чекајќи во редот за гасната комора, ги завела чуварите, а потоа се случило невозможното!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Франческа Ман беше популарна еврејска балерина за која пишува историјата…

Балерината Франческа Ман била многу талентирана. Девојката блескала на сцената и сонувала да основа свое училиште за танцување. Кога нацистичките трупи ја окупирале Полска, Франческа завршила во Варшавскиот логор …

Франческа Ман (23) се нашла во соблекувалната пред гасните комори, чекајќи ја смртта со уште десетина други Еврејки, но сепак решила да не умре туку такаОваа приказна е потврдена со извештајот на командантот на Аушвиц и еден од преживеаните членови на Зондеркомандата.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Додека сите набрзина ги соблекувале фустаните, џемперите и чорапите, оваа балерината замислено се соблекувала, едно по едно. Чуварите фасцинирано гледале во неа. Одлучувајќи дека нема што да изгуби, Франческа започнала да танцува лесен стриптиз, фрлајќи парче по парче облека на подот.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Нејзините движења буквално ги хипнотизирале чуварите. Соблекувајќи се речиси целосно, Ман фрлила чевел со потпетица кон еден од наредниците. Тој, бришејќи ја крвта од лицето, ја отворил футролата, но Франческа му го зела пиштолот.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Два куршуми по ред го погодиле во стомакот ЕсЕс-овецот, Џозеф Шилингер, еден од најкрвавите садисти во Аушвиц. Потоа следел уште еден истрел – кон ногата на наредникот. Ова пукање станало сигнал за жените во соблекувалната да дејствуваат, а тогаш започнала очајната борба за живот. Друг ЕсЕс-овец завршил со изгризан нос, а друг имал делумно излупена кожа од главата.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Кога ранетите стражари биле извлечени на улица, шефот на Зондеркомандата наредил да се заклучи соблекувалната и да се застрелат оние што останале во неаТака спонтаното востание крваво било прекинато.

Сепак, без планирање, балерината им одржа животна лекција на сите: Дури и кога ја губите борбата за живот, секогаш постои уште една борба – борба за достоинствена смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот