„Последниот танц“ ја прекрои историјата, Џордан и Чикаго не се „светци“ како што се прикажуваат

Според Јаху, од документарниот филм намерно е исфрлен делот кога Мајкл Џордан смртно ги навреди кошаркарите на Детроит со негова изјава во 1991 година.

Документарниот филм „Последниот танц“ во кој главна тема се Мајкл Џордан и неговите Чикаго булс се во центарот на спортската јавност во САД. Но јавноста, посебно кошаркарската остана шокирана по тоа што го виде во четвртата епизода од документарниот филм која се емитуваше во неделата.

Дури и водечките американски медиуми порачаа „Еј запрете малку, не може така“.

Во четвртата епизода од „Последниот танц“ покрај лудориите на Денис Родман, главна тема е патот на Чикаго булс до првата шампионска титула.

На тој пат Џордан и „биковите“ мораше да поминат преку тогаш најголемиот ривал и актуелен шампион Детроит пистонс. Чикаго по три неуспешни обиди, конечно во четвртиот во 1991 година го елиминираа Детроит со чисти 4:0 во финалето на Источната конференција.

Детроит тогаш предводен од Ајзеа Томас, на осум секунди до крајот на последната средба го напуштија теренот и не им честитаа на Џордан и „биковите“ за триумфот и тоа го налути „летечкиот“.

Токму тој момент беше во фокусот на четвртата епизода од „Последниот танц“. Дури и за време на снимањето кога му беше понудено да види што Томас денеска зборува за тој момент, Џордан во прв момент одби велејќи „Не ме интересира што зборува тој серко, што и да каже – баш ми е гајле“.

Поради тој момент и зборовите на неколку новирани кои ја следеа НБА во тоа време, Детроит пистонс стана најлошиот тим на светот.
„Зашто не се осмелија да ги поздрават Мајкл и Чикаго? Срамота“, е заклучокот на сите новинари кои зборуваа во филмот.

Веднаш по емитувањето на четвртата епизода во која се фрлаа дрва и камења по Детроит, голем дел од медиумите почнаа да пишуваат дека не е баш таква вистината.

Според сајтот Јаху, од документарниот филм е исфрлен еден дел кога Мајкл Џордан смртно ги навреди кошаркарите на Детроит со една изјава помеѓу третиот и четвртиот натпревар од плејофот во 1991 година.
Пистонс незаслужено се шампиони. Лошите момци се – лоши за кошарката – изјави тогаш Џордан.

twitter/DetroitPistons

Тие зборови на Џордан никогаш не ги заборавија Ајзеа Томас, Џо Думарс, Бил Лејмбир и останатите играчи на Детроит иако воведоа специјални „Џорданови правила“.

За многумина ваквата изјава на Џордан е шокантна и непримерна и во исто време поразителна за Чикаго и самиот Џордан.

„Играчите на Детроит навистина беа „лоши момци“ кои имаа само една цел, да победат по секоја цена и затоа играа неверојантно црвста одбрана врз сите противници.

Токму поради таа изјава играчите на Детроит предводени од Томас го напуштија теренот. Тоа што се прави со „Последниот танц“ е прекројување на историјата“, пишува Јаху.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот