Последиците врз економијата ќе зависат од времетраењето на корона – кризата

Економските изгледи значително се влошија како резултат на пандемијата со Ковид-19, се вели во економските прогнози на ЕК за земјава.

Владата на Северна Македонија презеде мерки за справување со последиците од Ковид-19, слични на оние што ги презедоа земјите-членки на ЕУ со цел да и овозможува на економијата ликвидност, задржување на работни места и намалување на ризикот од банкрот на компаниите.

Ова на брифинг со новинари го изјави Фрек Јанмат, шеф на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава, презентирајќи го извештајот за економските прогнози на ЕК за Северна Македонија.

Во извештајот, како што посочи Јанмат, се вели дека по забрзувањето на економскиот раст во 2019, економските изгледи значително се влошија како резултат на пандемијата со Ковид-19.

– Растот на економијата беше 3,6 проценти во 2019 година, но пандемијата предизвика масовно затворање на економијата, прекини во трговијата и сето тоа доведе до проекции со кои предвидуваме негативен раст од 3,9 проценти, вели Јанмат презентирајќи ги прогнозите на ЕК.

Според проценките не ЕК кризата ја погоди земјата во време кога фискалниот простор е ограничен и кога големи долгови треба да се отплатат во 2020 и 2021.

Очекуваниот пад на приходите во 2020 ќе го зголеми нивото на долг, повеќе од она што е проектирано и очекувано. Во зависност од тоа колку ќе траат рестрикциите и колку строги ќе бидат, соодносот на долгот може ќе се стабилизира на нивото кое било во 2019 дури по 2021 година, велат проценките на ЕК.

Во извештајот на ЕК се наведува и дека креирањето работни места беше доста големо во 2019, а во 2020 се очекува пресврт на ова поле.

Прогнозите се дека оваа година стапката на невработеност ќе изнесува приближно 18,1 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот