Фото: SCU Torreense/FB

Португалски второлигаш приреди сензација и ќе игра во Лига Европа следната сезона

Екипата на Торенсе приреди вистинска сензација во финалето на Купот на Португалија, откако со 2-1 го совлада фаворизираниот Спортинг и испиша историски успех со пласман во Лига Европа следната сезона.

Второлигашот шокантно го отвори натпреварот и поведе уште во четвртата минута, оставајќи го лисабонскиот гигант во резултатска негатива уште на стартот.

Спортинг успеа да се врати во игра со гол на почетокот од второто полувреме, но и покрај иницијативата и бројните шанси, не најде начин да го скрши отпорот на дисциплинираниот ривал.

Кога се очекуваше фаворитот да направи целосен пресврт во продолженијата, следуваше нов шок. Во 113. минута Торенсе доби пенал, а Стопира беше сигурен од белата точка за конечни 2-1 и едно од најголемите изненадувања во поновата историја на португалскиот фудбал.

Со овој триумф, Торенсе го постигна најголемиот успех во својата историја и следната сезона ќе игра во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот