Португалската полиција во акција, ги „тресе“ фудбалските екипи поради затајување данок

Португалска полиција - илустрација/ фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Португалското обвинителство денеска објави дека покрена бројни истраги во фудбалските екипи поради затајување данок.

Денеска околу 40 даночни инспектори и 50 полицајци изведоа околу 20 истраги, а нивна мета беа клупски простории на португалски клубови, како и фирми и адвокатски канцеларии со кои екипите соработуваат.

Инспекторите се сомневаат дека клубовите и менаџерите правеле договори со кои ја прикривале вистинската сума од даночните власти.

Се проценува дека измамите, односно затајувањето на данок изнесува околу 15 милиони евра, а според португалските медиуми, под засилена истрага се наоѓаат екипите на Брага и на Виторија Гимараеш.

Во понеделникот во просториите на Порто беше извршена рација поради затајување данол, а под посебно внимание се најде исплаќањето на провизии при трансферите на фудбалерите во вредност од 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот