Поротник од судењето откри: Вака Амбер Херд ја „уловивме“ во лага!

Фото: Профимедиа

Мажот кој тврди дека бил еден од седумте поротници во судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд, тврди дека актерката е недоверлива личност склона кон gaslighting (излудување – еден вид ментално насилство што се манифестира со манипулирање со информациите од страна на напаѓачот со цел жртвата на тоа насилство да почне да се сомнева во својата меморија, набљудувања и перцепција на реалноста) и додава дека токму таа го поттикнувала брачното насилство.

Иако имињата на поротниците мора да останат запечатени една година по судењето, на нив им е дозволено доброволно да зборуваат и да ги споделуваат своите искуства за случајот. Наводниот поротник го објави своето видување на ТикТок.

– Амбер лошо сведочеше и пороата го сметаше Деп за многу поверодостоен. Кога лажеше дека ги донирала парите во добротворни цели, сфативме дека лаже за сè – рекол тој, пренесе „Дејли мејл“. Да потсетиме, Херд вети дека ќе донира половина од износот од нејзиниот договор за развод во вредност од 7 милиони долари на непрофитната организација ACLU (Американска унија за граѓански слободи), но нејзиниот извршен директор Теренс Доерти сведочеше дека актерката никогаш не го сторила тоа.

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

Анонимниот поротник ја пофалил адвокатката на Деп, Камила Васкез, велејќи дека таа сработила одлична работата, а бил и мошнр критичрн кон сестрата на Амбер, Витни, која сведочела за актерката.

– Се чини дека ја поддржува сестра си поради чиста обврска, како дека и таа да беше жртва на манипулација… Во секој случај, сестра ѝ на Амбер воопшто не изгледаше дека сака да биде во судница – рече тој.

На прашањето дали членовите на поротата ја мразеле Херд, тој одговорил: „Не, не ја мразеа, но повеќето од нив не сочувствуваа со неа“.

Мажот исто така објаснил дека пред почетокот на судењето не бил особено информиран ниту за Амбер ниту за Џони и верува дека затоа можел да биде прилично непристрасен.

Амбер Херд
Амбер Херд за време на своето сведочење / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Но, штом (Херд) почна да сведочи, како што воспоставуваше контакт со очи – тоа ми беше крајно непријатно – до тој степен што не можев ниту повеќе да гледам во неа. Само ја слушав внимателно, а сѐ што таа зборуваше беше тешка лудило. Бев изненаден што по судењето сите го коментираа токму  тој нејзин чуден контакт со очите… Амбер Херд, каква луда жена – рекол тој.

– Не сум сигурен дали забележавте колку Амбер Херд го „излудуваше“ Џони Деп. Таа никогаш не призна дека згрешила. Тоа се гледа по начинот на кој разговарала со него на снимките, никогаш не му признала дека нешто направила. И тој наратив го пренесе на судењето…

– Чувствувам дека луѓето ги носат своите лични вистини во гроб кога не можат да признаат дека грешат. Мислам дека токму тоа го прави нејзиниот тим во моментов. Тие создаваат клеветничка кампања, само за да не мора да признаат дека се виновни. Ова е очигледно нивниот начин на кој се обидуваат со канџи и заби да го спасат достоинството на Амбер Херд – заклучил анонимниот поротник.

Деп ја прослави победата на суд во паб: Актерот видно расположен

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот