Поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ со критики за претседателката: Колинда се срами себеси и цела Хрватска

Фото: EPA/GIORGIO ONORATI

Иво Јосиповиќ, кој пред пет години загуби на претседателските избори за само 32.000 гласови од актуелната претседателка Колида Грабар-Китаровиќ и кандидатка за уште еден мандат, за својата наследничка вели дека „ја срами државата и самата себеси“ и дека еден од нејзините противкандидати, Мирослав Шкоро, за неа е „телевизор во боја“.

– Таа и денес зборува и мавта со некои листови што ѝ се програма, а нема некој суштиниски програм. Пред претходните избори, немав поддршка од мојата паријта за промени, а тоа ни медиумите не ги интересираше. Им бев досаден, а таа ги забавуваше – рече Јосиповиќ во разговорот за РТЛ Директ.

Споредувајќи ја Грабар-Китаровиќ пред пет години и денес Јосиповиќ вели дека актуелната претседателка се загубила.

– Сѐ што прави е срамотење на самата себеси и државата. Дали некогаш сте виделе преседател, во онаква состојба како таа што беше во Кина, да врши една од највжните државнички работи. Испраќа пораки какви што испраќа…Не е важно како пее, контекстот е важен, оној во кој таа ја посрамотува државата – смета поранешниот хрватски претседател.

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Се согласува дека во странство претседателката станала препознатлива, но вели дека препознатливоста не е секогаш позитивна.

– Би била уште попрепознатлива ако „стои на глава“. Во контакт сум со луѓето од меѓународната политика и да, таа е симпатична во контекст на забавување, но како за држваничка малку луѓе имаат добро мислење за неа – смета Јосиповиќ.

За претседателскиот кандидат Мирослав Шкоро вели дека е „сериозен кандидат, интелектуалец, талентиан музичар“, но, како што вели, сосема е сигурно дека не е негов навивач во кампањата.

За третиот претседателски кандидат Зоран Милановиќ вели дека е силна личност, и дека ако влезе во вториот кург, сеедно е кој ќе му биде противкандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот