Поранешниот хрватски министер, кој му даде на детето да фрла бомба, може да лежи пет години затвор
Општинскиот суд во Осиек го потврди обвинението против поранешниот министер за земјоделство, Јосип Дабро, кој сега е пратеник, објави „Јутарњи лист“. Тој е обвинет за кривично дело против бракот, семејството и децата (повреда на правата на децата) и кривично дело против јавниот ред (нелегално поседување, производство и стекнување оружје и експлозивни материи). Дабро е обвинет, меѓу другото, дека му дал на својот малолетен син да пука со автоматска пушка и да фрли рачна бомба. Станува збор за кривична постапка во која Дабро се соочува со казна до пет години затвор.
Препорачано
Првата се однесува на кршење на правата на детето од член 177, став 2 од Кривичниот законик. Според него, „тој што ќе предизвика дете да се однесува на начин што е штетен за неговиот развој, може да биде казнет со затворска казна од една до пет години“.
По објавувањето на видеа на кои се гледа како Дабро прво пука со пиштол од автомобил во движење, а потоа и со пушка, обвинителството откри и низа други снимки на кои ексминистерот му дозволува на детето да користи оружје. Во барањето за одземање на имунитетот, беше наведено дека тој го учел детето „да пука со пиштол, автоматска пушка, да фрла и активира експлозивна направа слична на рачна граната, да расклопува и чисти автоматска пушка и нејзиниот прибор, а додека го правел тоа, го снимал како му дава упатства како да го користи споменатото оружје“.
Државното обвинителство го товари Дабро и за нелегално поседување автоматска пушка од воено потекло. За тоа, тој се соочува со затворска казна до три години.
ВИДЕО: Хрватскиот министер Дабро, полугол и по влечки, пука со „калашников“ во поле


