Јосип Дабро / Фото: Национал.хр / скриншот

Уапсен е бившиот хрватски министер Дабро, го учел малолетниот син да пука и да фрла бомби

Хрватскиот пратеник и поранешен министер и вицепремиер, Јосип Дабро, попладнево беше уапсен од полицијата откако Парламентот на барање на Државното обвинителство му го укина имунитетот поради кривична постапка и евентуален притвор за кршење на правата на децата и недозволено оружје, јавуваат хрватските медиуми.

Уапсениот 42-годишен политичар ќе биде изведен на понатамошна постапка во Општинското државно обвинителство во Осиек – соопштија од полициската управа на Вуковарско-Сремската Жупанија, без да го прецизираат неговиот идентитет.

По рочиштето, Општинското државно обвинителство треба да соопшти дали покренало истрага против Дабро и дали побарало мерка притвор поради ризик од влијание врз сведоци и уништување докази.

Апсењето уследи откако парламентот утринава гласаше за одземање на имунитетот на Дабро, дозволувајќи му да биде кривично гонет и осуден на затворска казна со посебно гласање. Укинувањето на имунитетот беше изгласано едногласно со 107 гласа „за“, а определувањето на мерката притвор со 99 гласа „за“ и седум „против“.

Општинското државно обвинителство во Осиек наведува дека постои основано сомнение дека Дабро во областа Оток во периодот од 2020 до 2024 година дозволил дете да пука од пиштол и автоматска пушка, да фрли експлозивна направа налик на рачна бомба и да расклопи и исчисти автоматска пушка.

Дабро претходно предизвика контроверзи кога се појави снимка од него, на која се гледа како полугол пука од автоматска пушка, како и друго видео, во кое пука од пиштол од автомобил во движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот