Поранешната сопруга на Хју Џекман за првпат сака да се сретне лице в лице со неговата нова девојка
По бројните пишувања за нивниот однос, без разлика дали ја напуштил сопругата поради неа или не, актерот Хју Џекмен сигурно не очекувал покана од неговата поранешна сопруга да се сретнат лице в лице за првпат откако се разведоа.
Препорачано
Изворите велат дека Дебора-Ли Фурнес наводно им упатила изненадувачко барање на Џекмен и неговата девојка Сатон Фостер, што ја оставило новата двојка во шок, пренесува „Њуз.ком.ау“.

Да потсетиме, врската на колегите актери Џекмен и Фостер предизвика бројни реакции од јавноста и ги разбесни обожавателите, особено кога се појавија заедно на престижниот моден настан Мет Гала претходно овој месец, што некои на социјалните мрежи го нарекоа „последен удар“ врз неговата поранешна сопруга Фернес.
Таа, од друга страна, сега побарала парот да се сретне со неа за првпат.
– Таа е одлучна, велат изворите, сè да задржи во стил и нема намера да го сподели својот гнев кон нив. Тука не станува збор за тоа дека Деб е лута или дека сака да ја искара Сатон. Станува збор за затворање на тоа поглавје – инсистирал изворот за „Њу ајдиа“
Изворот продолжува дека Њујорк отсекогаш бил нејзина „територија“, па затоа гледањето како Фостер и Џекмен ја покажуваат својата нова љубов ја погодило во болната точка.
– Значи, гледањето како Хју и Сатон парадираат низ градот отворено покажувајќи ја својата романса и дружејќи се со истите луѓе со кои се дружеле како двојка е неверојатно болно и понижувачки – рекол изворот.
Џекмен и Фернес редовно заедно присуствувале на настанот во текот на годините, а нивното последно заедничко појавување било во 2023 година на Мет Гала. Се наведува дека Фернес била предупредена дека Хекмен и Фостер може да се појават на големиот настан заедно, а ова им било едно од поголемите појавувања оваа година.
– Деб добро се справува со она што беше длабоко болно предавство, но ја боли кога ја гледа Сатон како се смешка со Хју фатени за раце – додал изворот.
За потсетување, Џекмен и Фостер се запознаа кога заедно глумеа во бродвејската претстава „Музичкиот човек“, која се прикажуваше од декември 2021 до јануари 2023 година. Во тоа време, двајцата сè уште беа во брак со своите поранешни партнери. До септември 2023 година, почнаа да се шират гласини за неговата афера, а потоа тој се раздели од својата сопруга Дебора-Ли Фернес, со која беше во брак 27 години. Гласините станаа посилни кога Фостер поднесе барање за развод од својот сопруг Тед Грифин еден месец подоцна, по 10 години брак.
Особено интригантен детаљ во целата работа беше односот помеѓу Сатон Фостер и Дебора-Ли. Пред Џекмен и Фостер да ја објават својата врска јавно (во, според многумина, внимателно организирана прошетка рака под рака пред ресторан во Лос Анџелес), Фостер наводно се обидувал да воспостави „пријателски“ однос со Дебора.
ФОТО | Хју Џекмен и Сатон Фостер ја потврдија врската: Се појавија заедно на црвениот тепих
Поранешната сопруга на Хју Џекмен ужива во неговиот неуспех: „Тој мислеше дека е непобедлив“


