Поранешната сопруга на Хју Џекмен ужива во неговиот неуспех: „Тој мислеше дека е непобедлив“
Еден од најшокантните разделби меѓу славните во последните години беше разделбата на Хју Џекмен (56) и неговата сопруга Дебора Ли Фeрнес (69), која, според пишувањата, ја напуштил поради колешката глумица Сатон Фостер (50).
Препорачано
Извор близок до Дебора Ли открил дека таа „не почувствувала ни трошка сожалување“ кога дознала дека билетите за неговиот солистички концерт „Од Њујорк, со љубов“ (From New York, With Love) во Њујорк не се продавале онака добро како што се очекувало.
Премиерата на шоуто беше во јануари годинава, а последната изведба се одржа минатиот викенд. Актерот ги изведуваше некои од најпознатите песни од својата театарска и филмска кариера, меѓу кои хитови од „Најголемиот шоумен“ (The Greatest Showman), „Клетници“ (Les Misérables) и „Музичарот“ (The Music Man), како и свои омилени балади. Публиката уживаше и во гостувањата на познати личности, меѓу кои пејачката Пинк со ќерка ѝ и актерот Рајан Рејнолдс.
Хју и Дебора Ли се запознале во 1995 година на снимањето на австралиската серија „Корели“ (Correlli). Таа веќе била позната актерка, а тој штотуку дипломирал на драмската академија. Двојката се верила само четири месеци подоцна, а во април 1996 година се венчале во Мелбурн. По четири години го посвоиле синот Оскар (25), а пет години подоцна и ќерката Ава (20). Нивниот брак со години важеше за пример на стабилност и посветеност.
Иако по објавата за разделбата кон крајот на 2023 година тврдеа дека сè е пријателски, наскоро се појавија гласини дека Хју има афера со својата колешка Сатон Фостер, со која настапуваше на Бродвеј во претставата „Музичарот“ (The Music Man) од 2022 до 2023 година. Според сведоци, за нивната врска „знаеле сите на Бродвеј“, освен Дебора Ли.
Сотон се разведе од сценаристот Тед Грифин во 2024 година, по десет години брак. Хју, пак, официјално се разведе од Дебора Ли во јуни годинава, по долга борба за поделба на имот вреден околу 250 милиони евра. Дебора Ли побарала поголем удел во имотот, повикувајќи се на својата улога во неговиот подем и поддршката што му ја дала во текот на целата кариера, а според медиумите, на крајот го добила.
По разводот, таа првпат отворено проговори за своите чувства.
„Тоа е длабока рана. Повредена сум до срж“, изјави за „Дејли мејл“, нарекувајќи го разводот „трауматично патување низ предавство“.
Иако тагата е сè уште свежа, расположението ѝ се подобрило кога дознала дека продажбата на билетите за шоуто на Хју не оди како што тој се надеваше.
„Деб си продолжи со својот живот, но со мала доза злорадост ужива кога ќе чуе дека тој не може да ја наполни салата. Изгледа дека Хју не е толку непобедлив како што мислеше“, изјавил извор за „Нешенал енквајер“.
Друг извор додал дека Дебора Ли и денес тешко може да го гледа поранешниот сопруг како нешто друго освен човек што ѝ го скршил срцето.
„Деб смета дека ѝ забил нож во грб и решена е тоа скапо да го плати. Го сакаше, тој беше сè за неа, а сега го гледа како човек што ја изневери и ја уништи“, рекол изворот.
Иако нивните деца веќе се возрасни, и Оскар и Ава тешко го поднеле разводот на родителите.
„Хју одамна се обидува да воспостави мир со Дебс, но ѝ требаше време да биде подготвена. Откако се расчистија сите правни прашања, почна малку да се отвора, што е добро, особено за децата“, изјавил извор за порталот „Глоуб“.
Децата, велат пријатели на семејството, ги сакаат и двајцата, но често се чувствуваат како да мораат да изберат страна. Хју сега живее во Њујорк со Сатон Фостер, обидувајќи се да ја симне етикетата на прељубник, додека Дебора Ли живее во Австралија и, според извори, не пропушта прилика да каже лош збор за него.
„Деб има право да биде лута, тоа никој не го оспорува. Но, тоа не е здраво ниту за неа, ниту за децата. Тешко е да се замисли дека повторно ќе станат пријатели, но ако барем успеат да бидат во иста просторија за семејни настани без тензија, тоа ќе биде огромен чекор напред“, сподели изворот.


