Поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, во најновите документи за Епстин
Во најновите документи кои ги објави Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, се споменува и поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, објави Телеграф.
Препорачано
Kон крајот на јануари, американското министерство за правда објави три милиони документи за Епстин, во кои покрај многу други се споменува и името на Јахјага.
ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф
Како што пишува „Коха“, во е-пошта испратена на адресата на Епстин од Даниел Сиад, чие име често се сретнува во неговата преписка, се споменува и името на претседателката на Косово.
„Принцезата од Тајланд ќе биде во Њујорк во Обединетите нации со претседателката на Косово, таа би сакала да се запознае со вас“, се наведува во е-поштата испратена на адресата на Епстин.
Не е познато дали се одржала средбата.
Оваа е-пошта, како што наведува „Коха“, датира од 16 септември 2012 година, кога Јахјага ја извршуваше претседателската функција.
Валентина Абази, советничка на Јахјага, изјави дека Јахјага никогаш не се сретнала со Епстин, ниту побарала средба со него и дека дури и не знае кој е тој.
Порталот пишува дека принцезата спомената во преписката е мама Луанд Раџадарсри Џајанкур, членка на тајландското кралско семејство, која во е-поштата и другата преписка со Епстин често се претставува како таканаречен почесен конзул на Косово во Тајланд.
Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за сексуална злоупотреба на малолетни девојки, кои според истрагата, ги носел на својот приватен остров „Малиот Свети Џејмс“ на Карибите, каде што ги користел за меѓународна трговија, додека со помош на врските со моќни луѓе ги прикривал своите активности.
Почина во август 2019 година додека беше во затвор, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.


