Поранешен македонски селектор на клупата на Србија!?
После завршувањето на настапот на Светското првенство во Кина и освојувањето на петтата позиција, селекторската клупа веднаш ја напушти Александар Ѓорѓевиќ после пет поминати години.
Сега српските медиуми шпекулираат кој би можел да биде наследникот на Ѓорѓевиќ, односно новиот селектор на најдобрата српска кошаркарска репрезентација.
На оваа листа се наоѓа и еден поранешен македонски селектор, станува збор за Александар Џикиќ кој од ова лето доби работа во Естудијантес.
Aleksandar Džikić za reprezentacija Srbija. Molim. pic.twitter.com/tqSMDJohio
— memo (@crnodugme) September 10, 2019
Најдобрите резултати ги имаше во Словенија каде што доминираше со екипата на Крка, а воедно беше дел од Беовук, Партизан, Минесота, Олимпија, Литвос Ритас и Будуќност. Со последноспоменатиот тим ја освои АБА лигата и обезбеди историски пласман во Евролигата, а исто така има и трофеј од ФИБА Челинџ купот во 2011 година.
Освен Џикиќ, на оваа листа кандидати за преземање на селекторската клупа на Србија се наоѓаат уште Игор Кокошков на кого му се даваат најголеми шанси, потоа Саша Обрадовиќ, Дејан Милојевиќ, а не се исклучува можноста да биде ангажиран и странец.