Ѓорѓевиќ и дефинтивно си заминува од селекторското столче

фото:fiba.basketball

Александар Ѓорѓевиќ повеќе нема да биде селектор на Србија. Тој ова прво им го соопштил на самите кошаркари и тоа по натпреварот за петтото место кој неговите избраници го добија против Чешка.

Ова е речиси очекуван развој на настаните бидејќи договорот на Ѓорѓевиќ истекуваше по Светското првенство во Кина, на кое амбициите одеа до светската титула но на крајот, српските кошаркари мора да се задоволат со петтото место.

– Да, им кажав на играчите. Тоа е тоа. Немаше разговори за мое останување и не мене останува да се повлечам, знам кога човек треба да се повлече. Си заминувам во моментот кога не успеавме да дојдеме до целта. Не беше лесно, голема благодарност до претседателот на федерацијата, Предраг Даниловиќ, поранешниот претседател Драган Ѓилас кој ме постави за селектор и благодарност со Бодирога. Им благодарам на сите играчи, заедно се издигнавме и многу им должам. Имавме одлична поддршка од сите – изјави Ѓорѓевиќ за пресд конференцијата по натпреварот со Чешка.

Како негов наследник, медиумите го споменуваат асистентот во Сакраменто кингс и човекот кој ја предводеше Словенија до триумф на ЕП 2017 година, Игор Кокошков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот