Наместо со медал, Србите завршија како петти на Мундобаскетот во Кина

фото: fiba.basketball

Иако на Светското првенство во Кина, кошаркарите на Србија допатуваа со највисоки амбиции кои досегнуваа до светското злато, на крајот мора да се задоволат со петтото место. Тие во натпреварот за петтата позиција ја победија Чешка со 90:81 и ќе играат на олимписките квалификации доколку сакаат да играат во Токио идната година.

Во првото полувреме подобра беше Чешка која во еден момент имаше дури и 13 поени предност (30:43) која ја полувремето се спушти на девет (41:50).
Во второто полувреме сликата на теренот беше поинаква, Богдан Богдановиќ беше предводник на Србија која уште на стартот направи серија од 8:1, а потоа со сигурна игра во одбраната на крајот на третата четвртина да дојдат и до предност од 69:62.

Во последните 10 минути, избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ, рутински ја одработија работата и дојдоа до победата која им го донесе петтото место на Мундобаскетот во Кина.

Како по обичај, прво име во редовите на Србија беше Богдановиќ со 31 поен, додека кај Чешка се истакна Патрик Ауда со 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот