Кокошков нов селектор на Србија?

Кошаркарската репрезентација на Србија не успеа да ги оправда очекувањата на јавноста кај нашиот северен сосед но и на стручњаците, загуби во четвртфиналето и денеска против Чешка ќе игра за петтата позиција.

По завршувањето на Светското првенство, Александар Ѓорѓевиќ ќе биде сменет од селекторската функција, а весникот „Вечерње Новости“ тврди дека негов наследник ќе биде сегашниот асистент во Сакраменто кингс  и екс селектор на Словенија со која триумфира на последното ЕП.

„Легедарниот Саша Ѓорѓевиќ планираше да се повлече по Мундобаскетот на кој целта беше златниот медал. Податокот дека репрезентацијата потфрли на СП во Кина, се погласни и се поцврсти се уверувањата дека селекторската функција треба да ја препушти на  некој друг“, пишува „Вечерње Новости“.

Ѓорѓевиќ како селектор на Србија сè уште е актуелен европски, светски и олимписки шампион, додека на Евробаскетот во 2015 година тој го освои четвртото место.

Игор Кокошков е првиот тренер странец во НБА лигата и со Словенија триумфира на Евробаскетот во 2017 година. Моментно е асистент во Сакраменто кингс, а минатата сезона беше главен тренер на Феникс санс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот