Поради штрајкот во Холивуд: Наградите „Еми“ одложени за 2024 година

Фото: Facebook/ Emmys / Television Academy

Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено за речиси четири месеци од првичниот датум, објавија организаторите во четвртокот, додека штрајковите на холивудските актери и писатели сè уште траат и се без никакво решение, пренесува „Франс 24“.

Телевизискиот еквивалент на наградите „Оскари“, требаше да се одржи овој септември, но сега „Фокс“ и Телевизиската академија објавија дека ќе се одржи во средината на јануари 2024 година.

„Задоволство ни е да објавиме дека 75-тото доделување на Еми наградите ќе се емитува во понеделник, 15 јануари 2024 година“, рече портпаролот на Фокс.

Доделувањето на наградите „Еми“ е најзначајниот забавен настан до сега што е одложен поради првиот заеднички штрајк на актерите и писателите низ Холивуд по повеќе од 60 години. Последен пат наградите „Еми“ беа одложени во 2001 година по нападите во Америка на 11 септември.

Поради тековниот штрајк на актерите, ѕвездите нема да можат да присуствуваат на церемонијата, што би било катастрофално за гледаноста на телевизијата. Писателите, исто така не можат да пишуваат говори или шеги за водителот и водителките.

Долгото одложување има за цел да им овозможи време на двете страни, да ги решат своите разлики, иако различните страни едвај зборуваат преку формални канали од почетокот на штрајкот на писателите што започна пред 100 дена.

Тие бараат подобра плата и сакаат гаранција дека вештачката интелигенција нема да им ги украде работните места и приходите.

Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено поради штрајкот во Холивуд

Холивудските актери го започнаа штрајкот: Ѕвездите на „Опенхајмер“ ја напуштија премиерата во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот