Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено поради штрајкот во Холивуд

Фото: Facebook/ Emmys / Television Academy

Годинашното 75-то доделување на наградите „Еми“, за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд, објавија американските медиуми.

Церемонијата, која првично беше закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена во јануари, но сè уште не е одреден нов датум.

Според странските медиуми, сите учесници во доделувањето на наградите „Еми“ се известени за одложувањето на церемонијата, а наскоро се очекува и официјално соопштение од организацијата.

Холивудските актери и писатели моментално штрајкуваат, што е прв штрајк во американската филмска индустрија по повеќе од 60 години.

Доколку штрајкот продолжи, сите холивудски ѕвезди би можеле да ја бојкотираат церемонијата на доделувањето на наградите, што би било катастрофално за телевизиската публика. Сценаристите исто така не би учествувале во пишувањето текстови и шеги за домаќините на церемонијата.

Телевизијата „Фокс“, која треба да ја емитува церемонијата, наводно побарала доделувањето да се одложи до јануари, што би дало повеќе време за решавање на спорот со штрајкот.

Ова одложување на наградите „Еми“, ќе биде првпат по 2001 година, кога терористичките напади на 11 септември и американски воени дејствија ја одложија церемонијата.

Овогодинашните номинации беа објавени пред две недели, а меѓу номинираните водеа сериите „Succession“, „The Last of Us“, „The White Lotus“ и „Ted Lasso“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот