Поради ковид протоколите од УЕФА, само неколку репрезентативци ги поздравија навивачите

Како што се најавуваше околу 17.30 часот македонската А репрезентација по победата над Палермо слета на скопскиот аеродром, а потоа во 18.30 часот тргнаа фудбалерите кон Плоштадот „Македонија“.
Заради Ковид протоколите од Европската фудбалска куќа (УЕФА) само неколкумина од фудбалерите ги поздравија присутните на плоштадот во Скопје.
А селекцијата мора да се придржува до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат.
А овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи.
Сиот фокус на избраниците на селекторот Благоја Милевски е финалниот меч во вторник во Порто против Португалија која е последна пречка на патот кон Мундијалот во Катар.
ВО ЖИВО: Делириум на плоштадот „Македонија“, илјадници луѓе ги пречекаа фудбалерите