Поп Арсова го освои 28-то место на маратонската трка на СП во Јуџин

Адријана Поп Арсова во Орегон настапи на маратонската трка/Фото: facebook.com/adrijana.poparsova

Единствената македонска атлетичарка на Светското првенство во Јуџин, САД , Адријана Поп Арсова го освои 28 место на маратонската трка што се одржа денеска.

Поп Арсова трката ја истрча за 2 часа 41 минута и 20 секунди со што го освои 28 место од 40 натпреварувачки.

Златниот медал го освои маратонката од Етиопија Готитом Гебресласе која постави нов рекорд на Светските првенства од 2:18.11 часа.

Второто место и сребрениот медал и припаднаа на Џудит Џептум Корир од Етиопија која задоцни само осум секунди, додека последното место на победничкиот подиум го обезбеди Израелката Лона Чемтаи Салпетер која трката ја истрча за 2:20.18 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот