ПОП АЦЕВ: Со добар резултат на СП до норма за Токио!

Фото: Vicky Boutin

Двократен светски шампион во гранпри-серијата, лани беше трет, за Евгениј Поп Ацев годинава е клучна за настап на летната Олимпијада.

Македонскиот пливач Поп Ацев ексклузивно говореше за „Слободен печат“ и ги сподели амбициите пред наредните предизвици кои ги очекува на меѓународната пливачка сцена.

На ФИНА/ЦНСГ Светската серија на трките од 10 километри во Сетубал (Португалија) го освои 16 место, додека во Унгарија на езерото Балатон (четврта трка сезонава) од 50 натпреварувачи ја зазема 24 позиција со време 1:51.52.

– На двата натпревари имаше силна конкуренција особено на тој во Балатон. Задоволен сум од двата настапи, но повеќе од настапот во Балатон. Овие две трки претставуваа добра припрема и тест пред Светкото Првенство во Гвангжу, Јужна Кореја – ни изјави Поп Ацев.

СП ќе се одржи во периодот од 12-28 јули во Гвангжу каде што и ќе биде следниот настап на нашиот пливач на 10 и 25 км.

– Исто така планирам да настапувам и на преостанатиот дел од трките според календарот на ФИНА, се разбира и на Охридскиот Маратон – додаде Поп Ацев.

twitter.com/STcom

Традиционалниот Охридски пливачки маратон е закажан за 28 август, пред тој настан ќе има две трки во Канада, а сезоната ќе заврши со трките во Нанту (Тајпеј) на 7 септември и Чун`Ан во Кина на 29 септември 2019 год.

Поп Ацев ќе се обиде да ја оствари целта, а тоа е е преку СП да обезбеди норма и учество на следните Летни Олимписки игри во Токио 2020.

– Светското првенство во Кореја е главен пливачки настан за оваа и претходната година и исто така претставува и прва квалификациска трка за ОИ во Токио. Тоа ќе ми биде главниот фокус за овој период и се надевам на добар резултат – заврши Поп Ацев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот