Полусестрата на Меган Маркл наскоро ќе ја објави својата книга мемоари

Instagram

Ако мислевте дека драмата околу Меган Маркл е готова, сте погрешиле. Имено, сега, полусестрата на војвотката од Сасекс, Саманта Маркл , ќе објави книга во која ветува дека ќе открие шокантни информации поврзани со Меган.

Саманта уште во 2016 година почна да зборува во јавноста за тоа дека почнала да пишува книга за Меган, а сега таа всушност е на пат да го реализира кажаното. Првиот дел од книгата „The Diary of Princess Pushy’s Sister“ ќе биде објавена на 17 јануари годинава.

Зад затворени врати се случуваа многу работи што светот не ги знаеше“, изјави Саманта за „Сан“.

Instagram
Меган и Саманта Маркл / Instagram

Од издавачката куќа „Barnes & Noble“ велат дека среде бура од лажни вести и медиумско „осакатување“, Саманта Маркл ја споделува вистината за нејзиниот живот и семејството наспроти сите шанси и ултиматуми предизвикани од кралската бајка. Дали понекогаш вистината навистина е почудна од фикцијата?

Саманта Маркл е родена во Чикаго во 60-тите години и израсната во јужна Калифорнија, таа ен авторка, сценарист и советник, како и сестра на првата модерна американска војвотка.

Во книгата ќе има по нешто за сите. Беше навистина интересно патување. Книгата се занимава со мојот живот и мојата перспектива за неколку прашања со овој кралски настан во историјата“, рече Саманта.

Instagram
Саманта и Меган / Instagram

Саманта во минатото неколку пати јавно ја осуди Меган во изјави за медиуми, нарекувајќи ја „плитка“, „нехумана“, „војвотка на глупоста“ и уште многу погрдни имиња.

39-годишната Меган моментално престојува во Санта Барбара со принцот Хари и нивниот син Арчи. Таа претходно ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги „апсурдни“, велејќи дека нејзината полусестра воопшто не ја познава.

Instagram
Instagram

Саманта за „Сан“ изјави дека книгата е „фер и избалансирана“.

Нормално, некои работи ќе ѝ се допаднат, а некои работи нема“, вели таа.

Но, ќе мора да почекаме официјално да биде објавена книгата за да видиме какви откритија се кријат во нејзината содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот