Полски свештеници организирале оргии во зградата на парохијата

Црква во Полска / Фото: Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Полските медиуми јавуваат дека неколку свештеници во градот Даброва Горница организирале оргии во зграда што и припаѓа на парохијата. Според локалните медиуми, сексуалната забава се случила во стан кој го користел еден од свештениците. На оргиите имало и жиголо, кој завршил во несвест и првично му била одбиена лекарска помош, пишува порталот „Ноуц фром Поланд“.

Поради оргијата во базиликата, полскиот бискуп Гжегож Кашак напиша писмо во кое јавно се извини за „болните настани во епархијата“. Писмото на бискупот било прочитано на миса во црквите низ епархијата.

Обвинителството најави истрага за овој настан, а што се случило не соопштуваат ниту црквата ниту обвинителството. Локалната епархија соопшти дека некои аспекти од медиумските извештаи се неточни.

Минатата недела, Газета Виборца, водечки либерален дневен весник, објави дека свештениците во Даброва Горница, град во јужна Полска, организирале забава во парохиска зграда на која била поканета машка проститутка.

„Инцидентот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот. „Неговите учесници земаа лекови кои ја зголемуваат потенцијата.

Газета Виборца објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, по што морале да се јават на брза помош. Меѓутоа, кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа, наводно, повикале полиција, која им помогнала да стигнат до онесвестениот маж.

Портпаролот на локалното обвинителство изјави за Газета Виброца дека е започната истрага за евентуално необезбедување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.

Како одговор на прашањата на весниците, локалната католичка курија потврди дека имало инцидент со „интервенција на службите за итни случаи и полицијата во зграда што и припаѓа на парохијата“. Се вели дека бискупот назначил комисија итно да објасни што се случило.

Куријата во следното соопштение објави дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите презентирани од некои медиуми“, иако не даде никакви дополнителни детали.

Во четвртокот вечерта некој ја запалил вратата од базиликата во парохијата каде што се случил наводниот инцидент. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен дека го подметнал пожарот.

Во петокот куријата објави дека свештеникот Томаш З., во чиј стан се случил наводниот инцидент, бил отстранет од сите црковни должности „до расчистување на работата“.

Во меѓувреме, неделниот католички магазин Ниеџиела објави дека ја прекина соработката со Томаш З., кој претходно беше главен уредник на неговото локално издание Сосновиек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот