Полска отстранува 60 споменици на советски војници

Споменици од војници во Варшава, Полкса/ Фото dario photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Полските власти планираат да урнат 60 споменици на советски војници, изјави Карол Навроцки, раководител на Институтот за национално сеќавање.

– Имаме список од околу 60 локации од кои тие (спомениците) мора да бидат отстранети, изјави Навротски за Радио Гдањск.

Тој рече дека многу локални претставници сега се „подготвени да го решат проблемот”.

Според Навроцки, во блиска иднина се планира уништување на споменици во Великополското и Шлезиското војводство.

Тој нагласи дека доколку локалните власти не сакаат да ги уништат спомениците „можат да ја очекуваат неговата посета”.

– Можеби имаат аргументи да ме убедат дека црвената ѕвезда, симбол на системот што уби 100 милиони луѓе, треба да биде на јавна површина, рече тој.

Во последните години во Полска се уништени стотици споменици на војниците на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на земјата. Во летото 2017 година, полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша амандмани на законот со кој се забранува пропаганда на комунистички или друг тоталитарен систем во имиња на згради, објекти и простории за јавна употреба. Законот предвидува, меѓу другото, уривање на советските споменици.

Според проценките на Институтот за национално сеќавање на Полска, кој е одговорен за меморијалните активности, законот за декомунизација ќе влијае на околу 230 споменици на Црвената армија. Во исто време, според законот, декомунизацијата нема да влијае врз местата за погребување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот