Полицијата апси поради трансферот на Митровиќ

Во координирана акција на полициите во три држави, во Англија, Монако и Белгија, се апсат луѓе и се запленуваат документи поради сомнежи за перење на пари при фудбалски трансфери.

Англиските медиуми открија дека во акцијата се уапсени неименуван менаџер и неговиот асистент, и дека пасењата се поврзани само со трансферот на Митровиќ во Њукасл.

Пред неколку месеци полицијата влезе во просториите на белгискиот гигант Андерлехт и во Белгиската фудбалска федерација од каде ги зеде сите документи поврзани со трансферот од 2015 година на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ од Андерлехт во Њукасл. Премиерлигашот плати 18.5 милиони евра обесштетување за Митровиќ.

 

Засега, обвинителите не откриват дали овој случај е поврзан со минатогодинешниот скандал кој избувна во Белгија но и во Источна Европа кога полицијата изврши 57 претреси и уапси неколку лица поради сомневање за перење пари и местење натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот