Полицаецот виновен за смртта на Афроамериканецот во Минеаполис имал 18 пријави против него

Бившиот полицаец Дерек Чаувин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, имал 18 пријави кои биле поднесени против него, јавува полициската управа во Минеаполис, а пренесува Си-Ен-Ен.

Не се знае на што се однесувале поплаките, а самата управа не дала дополнителни детали. Чаувин е отпушен заедно со тројцата полицајци кои биле присутни.

Џорџ Флојд почина во понеделникот. Настанот го снимил минувач, каде се гледа како Флојд лежел со лицето на земја, имал лисици, додека молел за помош и повторувал дека не може да дише пред да престане да дава знаци на живот. Цело тоа време полицаецот му го држел вратот стиснат со коленото. Се почнало така што вработен во продавница ја повикал полицијата, бидејќи Флојд наводно пробал да плати со лажна банкнота од 20 долари.

И другиот полицаец имал пријави

Тоу Тхао, друг од полицајците на настанот исто така имал шест пријави против него, а една е се уште отворена.

Во 2017 година, Ламар Фергусон покренал тужба во која тврдел дека Тхао и уште еден службеник користеле „неверојатна сила, вклучувајќи и удари, додека Фергусон бил неспособен да се одбрани врзан со лисици“ при неговото апсење. Како резултат Фергусон имал скршени заби и тешки повреди, стои во тужбата.

Градот Минеаполис му платил на Фергусон и неговиот адвокат 25.000 долари како отштета, пишува Си-Ен-Ен.

Пет други пријави биле затворени без дисциплински постапки.

Другите двајца полицајци немале пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот