Фото: Принтскрин

Полицијата во Србија прогласи вонредна состојба во 9 општини

Поради снежните врнежи прогласена е вонредна состојба во девет општини во Србија, односно на целата територија на градовите Лозница, Ваљево, општините Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Владимирци, Мајданпек, Сјеница, како и на дел од територијата на општина Пријепоље. Како што пренесе РТС повикувајќи се на Секторот за вонредни ситуации (СВС) при МВР, од почетокот на снежните врнежи, од 4 јануари до утрово во 6 часот, имало 72 интервенции, со ангажирани 175 пожарникари-спасувачи, 77 возила, 19 пумпи и три чамци.

Најмногу интервенциите се однесувале на отстранување паднати дрвја, отстранување вода и интервенции на итната помош.

Од 4 јануари до денес се евакуирани 30 лица.

И понатаму има проблеми со снабдувањето со електрична енергија во Мачванскиот, Колубарскиот, Златиборскиот, како и во Моравичкиот и Борскиот управен округ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот