Фото: Архива

Полицаец давел студент на протестите во Нови Сад?

Студентката на Државниот универзитет во Нови Пазар, Емина Спахиќ, рече дека „полицаец давел студент“, додека раскажувала  за полициската бруталност во Нови Сад во понеделникот на собирот во поддршка на автопревозникот Миломир Јаќимовиќ кој штрајкува со глад, објави „Н1“.

Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко

Спахиќ наведе дека меѓу повредените имало и студенти од Нови Пазар.

– Она што се случи во Нови Сад е навистина страшно. Освен нашите четворица колеги кои се од Нови Пазар, имаше многу повредени од Нови Сад и им испраќаме целосна поддршка, како и поддршка за Јаќимовиќ. За време на протестот во Нови Сад, еден наш колега од Нови Пазар беше давен од полицаец, кој го фати за капуљачата од дуксот додека фактички не остана без воздух и свест. Кога нашите колеги се обидоа да му помогнат, и нив полицијата почна да ги удира – добиваа удари со палка по лицето и по телото, при што добија посериозни повреди. Мислам дека навистина дојде време сите од Нови Пазар да излезат бидејќи покрај насилството што го трпиме, секојдневно сме изложени и на притисоци на универзитетот – изјави Спахиќ.

Таа порача дека не смее да се дозволи да се тепаат децата од Нови Пазар или од кое било друго место во Србија.

Спахиќ истакна дека Државниот универзитет во Нови Пазар не може да постои без студентите и оцени дека тој нема да опстане.

Инаку, вечерва во Нови Пазар беше одржан студентски протест пред зградата на полицијата.

По протестот, студентите оставија испишани пораки на тротоарот пред станицата.

ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот