Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е подготвен да разговара со Дијана Хрка, мајката на 27-годишно момче кое загина во трагедијата во Нови Сад. Хрка, која седми ден штрајкува со глад пред Српскиот парламент, го повика Вучиќ да дојде таму и „да зборуваат пред сите“. Својот одговор Вучиќ го искористи за да повтори дека во врска со трагедијата со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, „неговата совест е чиста“, пренесе „Данас“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вучиќ во изјава за РТС, рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секое време“ и дека е подготвен да ја посети, но дека разговорот треба да се одвива без „политичка претстава“и без обиди за предизвикување инциденти.
Дури и во обраќањето кон мајката која го загуби синот во трагичната несреќа лани на 1 ноември во која загинаа 16 луѓе, Вучиќ не ја пропушти можноста да се пожали колку нему му е тешко.
„Јас сум претседател на сите граѓани и морам да ги трпам најлошите можни навреди и најлошите лаги, но секогаш морам да бидам подготвен да разговарам“, рече Вучиќ, додавајќи дека „ја разбира сериозноста на нејзината болка“.
Вучиќ ја замоли Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не треба да си игра со своето здравје“.
„Немам ништо лично против Дијана Хрка. Подготвен сум да разговарам, да слушам, да помогнам ако можам. Ако сака да дојде на претседателството, ќе ја прифатам без оглед на распоредот. Мојата совест е чиста, бидејќи ја водев земјата во тешки времиња и ја одржував стабилноста повеќе од 14 години“, рече Вучиќ.
Тој потврди дека го посетил семејството Фириќ во Нови Сад, мајка која ги загуби своите ќерки Сара и Валентина при падот лани на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.


