Пол Сколс: Тен Хаг нема да го води Манчестер јунајтед следната сезона

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Пол Сколс изјави дека менаџерот на Манчестер јунајтед Ерик Тен Хаг ќе добие отказ по крајот на сезоната, пренесуваат британските медиуми. Во неделата Манчестер јунајтед беше поразен од градскиот ривал Манчестер сити со резултат 3:1 во 27 коло од Премиер лигата.

Клубот од „Олд Трафорд“ моментно е на шестото место на табелата во англискиот шампионат со 44 бодови, а во досегашниот дел од сезоната забележа 11 порази во Премиер лигата.

– Она што го гледаме е далеку тим кој треба да биде претендент за освојување на Премиер лигата. Така е секоја сезона – изјави Сколс, кој во својата играчка кариера со Манчестер јунајтед освои 25 трофеи. Тој истакна дека новиот косопственик на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, планира промени во клубот на крајот од сезоната.

– Својот збор веќе го кажаа луѓето од компанијата „Инеос“ која го презеде клубот. Мислам дека Тен Хег нема да раководи со Јунајтед следната сезона. Од интервјуто на Џим Ретклиф, ја гледам негативноста кон сето она што е направено во клубот во последните 10, 11 години. А особено последните две години. Ретклиф не е среќен поради тоа што се случува – вели Сколс.

Тен Хаг е менаџер на Манчестер Јунајтед од 2022 година.

– Не би бил изненаден доколку клубот веќе бара нов менаџер. Не велам дека тоа е правилна одлука – заклучи Сколс, кој за „црвените ѓаволи“ одигра 718 натпревари и постигна 155 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот