ВИДЕО | Фоден херој за Манчестер Сити, „граѓаните“ со пресврт до победа во градското дерби

Фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Манчестер Сити славеше победа во денешното градско дерби против Манчестер Јунајтед со 3:1.

Од самиот почеток на натпреварот избраниците на Пеп Гвардиола тргнаа офанзивно, меѓутоа гостите од „Олд Трафорд“ од првата посериозна прилика успеаа да постигнат гол. Маркус Рашфорд ја затресе мрежата со одличен удар од далечина.

И по тој гол на Рашфорд Сити беше тимот кој ја имаше топката во свој посед, Јунајтед се закануваше само преку контри. Андре Онана беше одличен на голот и забележа неколку фантастични интервенции. Ерлинг Халанд во самата завршница од полувремето не реализираше ситуација во која имаше празен гол пред себе.

Продолжија домаќините со нападите и во второто полувреме, а конечно мрежата на Онана се затресе во 56. минута, стрелаше Фил Фоден. На десетина минути пред крајот Фоден го постигна и својот втор гол по асистенцијата на Алварез.

Халанд во листата на стрелци се запиша во судиското продолжение кога ги постави конечните 3:1. Со ови три бода Манчестер Сити се враќа на еден бод негатива во однос на Ливерпул кој е лидер на табелата со 63 освоени бодови. Манчестер Јунајтед е шести со 44 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот